Удриле во оградата, па се превртиле на стариот пат

0
3379

Едно лице загина во сообраќајка која попладнево се случила на кај Братиндол, ни потврдија од СВР Битола.

Околу 13:30 на магистралниот пат А3 Битола-Ресен возило марка КИА Спортаж со битолски региостарски ознаки удрил во оградата на патот, од каде се превртило возилото и паднало на стариот пат кај Братиндол.

На лице место загинал возачот со иницијали В.С., а сопатникот повреден, но контактибилен е префрлен на клиниката во Битола.