УЕФА ги објави судиите за полуфиналните мечеви на ЕУРО

0
427

УЕФА ги делегираше Јонас Ериксон од Шведска и Никола Рицоли од Италија за главни судии на полуфиналните натпревари на Европското првенство во фудбал.

Шведскиот судија Ериксон (42) ќе го суди првото полуфинале на 6.јули во Лион, во кое ќе играат Велс и Португалија. Полуфиналето ќе биде трет натпревар на ова ЕП на кое Ериксон ќе биде главен судија, а втор на кој ќе настапи репрезентацијата на Велс.

Швеѓанецот го судеше мечот Хрватска-Турција (1-0) во Париз и натпреварот Велс-Русија (3-0) во Тулуз.

Пред мечот со Русија, Ериксон два пати му судеше на Велс и на двата меча островската селекција загуби, на домашен терен од Бугарија (0-1) во квалификациите за ЕУРО 2012 и во Чешка (1-2) во квалификациите за ЕУРО 2008.

Португалија во квалификациите за ова ЕП славеше во Елбасан против Албанија (1-0), а мечот го судеше Ериксон.

Велс во полуфиналето ќе биде без својот најдобар играч на ова ЕП Арон Рамзи и дефанзивецот Бен Дејвис, а исто така поради жолти картони кај Португалија ќе го нема Вилијам Карваљо.