УЈП ја објави последната Листа на должници

0
421

Листата на должници бр. 04/2016 се однесува за долгови достасани до 31.12.2015 и неплатени до 31.3.2016 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Повеќе од 4 500 физички лица, компании и јавни претпријатија се наоѓаат на последната Листа на должници што ја објави Управата за јавни приходи.

Македонската радио телевизија повторно е на Листата на должници, неколку комунални претпријатија, меѓу кои на Тетово, Струга, Пробиштип и дури. Должник е и Општина Дојран.

Листата на должници бр. 04/2016 се однесува за долгови достасани до 31.12.2015 и неплатени до 31.3.2016 година врз основа на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

  1. повисок од 120 000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300 000 денари за правните лица.

Листата на должници се објавува на веб-страницата на Управата за јавни приходи, во согласност со членот 9 од  Законот за даночна постапка.

Управата за јавни приходи без согласност на даночниот обврзник на својата веб-страница може да објави податоци заради исправка на нецелосни информации кои се објавени во Листата на должници.