УЈП присилно ќе ја наплати радиодифузната такса

0
446

Управата за јавни приходи најави дека доколку граѓаните и фирмите не ги подмират заостанатите долгови, ќе отпочне постапка за присилна наплата.

Па така, ќе им се блокираат трансакциските сметки со што обврзниците би се изложиле на дополнителни трошоци, се вели во соопштението.

Состојбата на долговите за РДТ е наведена во Решението, кое УЈП го доставува до обврзникот секој месец, а дополнително проверка може да се врши и преку интернет, преку бесплатната електронска услуга е-Радиодифузна такса.