УЈП присилно ќе наплаќа радиодифузна такса

0
741

Граѓаните во најкусо време да ги подмират заостанатите долгови за радиодифузна такса (РДТ). Во спротивно, Управата за јавни приходи (УЈП), како што соопшти денеска, ќе почне со присилна наплата.

– Со цел обврзниците да не се изложуваат на блокирање сметки и дополнителни трошоци, препорачуваме навремено да проверат дали имаат заостанати долгови и доброволно да ги платат, наведува УЈП.

За брзо плаќање, без чекање на шалтери и со помали трошоци, УЈП препорачува да се користат безготовинските картички Виза, Маестро и Мастеркард, односно електронската услуга „е-Радиодифузна такса“ https://etax-fl.ujp.gov.mk/index_rdt.jsp. – Регистрацијата за е-РДТ е бесплатна, брза и едноставна, единствено е потребен пристап до интернет и е-пошта, посочува Управата.

Уплата, увид во евиденцијата за РДТ и преглед на платени и неплатени решенија може да се врши и со апликацијата за М-Даночни сервиси преку „смарт“ телефоните од кое било место и во кое било време. За тоа е потребно граѓанинот да е регистриран корисник на електронскиот сервис е-РДТ.