Укинат притворот за новинарот Зоран Божиновски

0
879

Новинарот Зоран Божиновски излегува од притвор, објави Здружението на новинари на Македонија на својот Твитер профил.

Според информациите на ЗНМ, Божиновски треба да излезе од притвор денеска попладне, откако Кривичниот суд го прифатил барањето на Обвинителството за укинување на притворот.

„Македонија не е веќе на срамната листа каде има новинари во затвор“, коментира ЗНМ.

Информацијата ја потврди и Основниот суд Скопје 1-Скопје.

„Постапувајќи по предлог на Јавниот обвинител за укинување на мерката притвор за обвинетиот З.Б., обвинет во предметот со КОК бр. 79/16, судечкиот судија на денешниот главен претрес донесе одлука со која предлогот на обвинителот се уважува и мерката притвор се укинува, а согласно предлогот се определуваат превентивни мерки за обезбедување присуство на обвинетиот во текот на постапката.

Против ова решение дозволено е право на жалба во рок од 3 дена“, се наведува во соопштението од Судот.

 

Без коментари