Укината мерката куќен притвор за осомничен од „Транспортер“

0
1080

Судија на претходна постапка постапи по предлогот на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите (СЈО) против осомничениот С.Б. кој е опфатен во предметот на СЈО во јавноста познат како „Транспортер“  за укинување на мерката куќен притвор определена против истиот, а воедно предложи против осомничениот да бидат определени мерки на претпазливот како мерки за обезбедување на негово присуство во текот на постапка.

По разгледување и ценење на предлогот на СЈО, судија на претходна постапка донесе решение со кое го уважи предлогот и ја укина мерката куќен притвор и определи мерки за претпазливост, забрана за напуштање живеалиште-престојувалиште, одземање на патна исправа и обврска обвинетиот да се јавува во судот во Битола, соопшти Кривичниот суд во Скопје.