Укината забраната за камиони на Ѓавато

0
867

НЕДЕЛА, 17 ЈАНУАРИ 2016 12:00:35

ЗАБРАНИ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА: Забрани за тешки товарни возила има на патните правци Тетово – Попова Шапка и крак Маврово – Дебар.

ЗАБРАНА ЗА АВТОБУСИ: Забрана за автобуси има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, а за останатите возила задолжителна е употреба на зимска опрема.

УКИНАТИ ЗАБРАНИ: Забранaтa за тешки товарни возила на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан е укината во 10:30 часот, на патниот правец крак Стража – Кичево е укината во 09:50 часот и на патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир во 09:15 часот.

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од снег кој останува на коловозот после интервенцијата на дежурните екипи од Македонија Пат.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и планирање на патувањето според временските услови. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово – Стража, Демир Капија – Удово и Виница – Берово, каде е можна почеста појава на одрони.