Укинати забраните за камиони на Деве Баир, Ѓавато и Маврово-Дебар

0
219

Укинати се забраните за сообраќај за тешки товарни возила на патните правци Крива Паланка – Деве Баир, Битола – Ресен преку планински превој Ѓавато и крак Маврово – Дебар, соопшти Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).

На патиштата низ државата сообраќајот се одвива по влажни коловози на дел од пониските места и претежно влажни коловози на повисоките каде наместа има остатоци од кашест снег.