Укинување на радиодифузната такса најрано од октомври

0
613

Најрано во октомври може да се очекува да се укине радиодифузната такса, соопшти премиерот Зоран Заев на денешната прес-конференција во Владата.

„Се надевам дека во ребалансот на буџетот ќе најдеме средства ако не повеќе барем во последниот квартал да ја нема радиодифузната такса. Наша цел е барем во почетокот на септември или почетокот на октовмри да ја укинеме“, рече Заев и додаде дека нивна обврска е да се најдат пари со цел да се гарантира финансиска независност на МРТВ.