Украдени антимис и свети мошти од црква во Битола

0
1405

Антимис кој што се користи за богослужби заедно со мошти од светец се украдени од црквата „Св.Наум” лоцирана на улицата „Христо Христов” во Битола. Украдените предмети и мошти имаат непроценлива вредност. Кражбата била забележана вчера, по што веднаш била пријавена во полиција. Немало знаци за насилно влегување во црквата, туку се претпоставува дека крадецот влегол дење, како што влегуваат верниците и незабележано ги однел светите предмети и мошти.

Од битолската полиција велат дека кражбата е извршена во периодот од 11 до 18 мај. По извршениот увид на лице место се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот.