Украдени повеќе од 5.500 евра и клуч од сеф во Битола

0
569

Битолчанец пријавил тешка кражба во неговиот дом, а крадецот украл, евра, денари, документи и клуч од сеф.

Имено, Љ.А.(43) од Битола пријавил дека во временскиот период од 21.15 часот во саботата до 2.10 часот во неделата, непознат сторител извршил кражба во неговиот дом.

Крадецот влегол во неговата куќа преку прозорецот од детската соба, извршил пребарување и одзел 100 евра, 296.000 денари, златен женски синџир и паричник во кој имало 20.000 денари, лична карта, виза кредитна картичка од „Стопанска банка – Битола“ на име О.А. и клуч од сеф од „Стопанска банка Битола“.

Полицијата извршила увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање  на сторителот. /крај/мф/бб

Без коментари

LEAVE A REPLY