Украдени златен накит, лап топ и 45.000 денари од стан во Битола

0
1313

Вчера во 19.45 часот Н.Ј. (32) од Битола пријавил дека во периодот од 16.30 до 19.15 часот непознат сторител извршил тешка кражба во неговиот стан на ул. „Смилевски конгрес” во Битола.
Сторителот, велат од полицијата, со употреба на сила влегол во станот и од лимена кутија во спалната соба одзел поголема количина златен накит и лаптоп, а од дневната соба одзел 45.000 денари.

Увидот на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.