Украина: Четворица загинати во пожар во складиште за нафта

0
122

Најмалку четворица пожарникари смртно настрадале, а шестмина се водат за исчезнати, во големиот пожар кој зафатил складиште со резервоари за нафта недалеку од Киев. Резервоарите се наоѓаат во складиштето Карјачи, 40 километри севереозападно од украинската престолнина.

Локалните медиуми пренесуваат дека пожарот е вон контрола и дека горат 17 големи резервоари за нафта и дека огнената стихија се приближува до резервоарите за гас, што само го зголемува ризикот од нови експлозии и ширење на пожарот.

„Околу 180 спасувачи се бореа со пожарот во моментот на експлозијата. Не е познато колкумина успеале да преживеат, бидејќи амбулатнтине возила тешко успеваат да дојдат до местото на несреќата, а бројот на повредени е голем. Спасувачите наведуваат дека гасоводот се наоѓа во близина на резервоарите кои се во пламен“, пишуваат локалните медиуми.

Инаку истите извори наведуваат дека пожарот најверојатно настанал кога непознати лица се обиделе да украдат нафта од резервоарите.

Руските медиуми наведуваат дека се повредени најмалку 15 пожарникари, во обид да го изгаснат пожарот, кој започнал во понеделникот во вечерните часови.

Иако постоела надеж дека пожарникарите во текот на ноќта успеале да го стават пожарот под контрола, утрото во вторникот се случиле експлозиите кои повторно пожарот го ставиле надвор од контрола на спасувачите.

Во скалдиштето со резервоари има најмалку 15 тони на различни видови на деривати на нафта.