Украински Дњипро и уште три екипи исклучени од Европа

0
372

Украинскиот Дњипро, азербејџанскиот Интер Баку и романскиот Таргу Муреш се исфрлени од меѓународните натпреварувања, соопшти Европската фудбалска унија (УЕФА).

Клубовите се казнети поради кршење на финансиските правила, а нема да можат да играат во европските натпреварувања, доколку се квалификуваат, во наредните три години.

УЕФА, претходно, им наложи на овие три тима да ги регулираат долговите до 31.јануари.

Дњипро се наоѓа во финансиски проблеми поради нестабилната финансиска ситуација во Украина, но и покрај тоа минатата сезона играше во финалето на Лига Европа, каде загуби 3:2 од Севилја.

Покрај овие три тима, рок до 31.јануари да ги измири долговите доби и Астра Ѓурѓу (Романија), но УЕФА не соопшти дали и овој тим ќе добие тригодишна суспензија.