Украински радикали го блокирале парламентот

0
1532

Украински пратеници денес го блокирале пристапот до говорницата во парламентот за да го спречат гласањето за нацрт на реформа на уставот со која се предвидува поголема автономија за бунтовничките области на прорускиот исток на земјата, оценувајќи го предложениот документ како „противукраински“ и „за Путин“.

Повеќе стотици поддржувачи на партијата Слобода демонстрираат пред парламентот против предлогот за уставна реформа, додека екстремно националистичкиот Десен сектор објавил дека го блокирал сообраќајот во улицата пред собранието. Граѓани преку социјалните мрежи јавиле дека во судирот со полицијата имало и повредени.