Украинско-американски воени вежби во Црно Море

0
146

Американскиот разурнувач „ USS Ross“ и украинската фрегата „Гетман Сагајдачни“ учествуваа во дводневната поморска воена вежба во Црното Море која заврши во вторникот, соопшти украинското министерство за одбрана.

„Задачата на оваа вежбана противвоздушната и противподморничката одбрана е јакнење на соработката во рамките на мултинационалните групи според стандардите на НАТО“, се истакнува во соопштението на министерството.

Во вежбата на украинска страна учествувале и хеликоптер „Ка-27“ и авион „Ан-26“ од руско производство.

Прозападните власти во Киев во последните месеци одржуваат повеќе заеднички вежби со американски единици во близина на источните региони кон руската граница кои се под контрола на рускојазичните бунтовници. На тоа Москва често одговара со ненадејни воени вежби на границата кон Украина.

Од крајот на април, па до октомври 300 американски падобранци се распоредени во рамките на операцијата „Бестрашен чувар“ каде што ќе обучуваат 900 украински специјалци за борба против проруските бунтовници.