Украинци и Бугари фатени како шверцуваат 18 тони хашиш во Шпанија

0
383

Брод кој пловел под знамето на африканската држава Комори носел 18 тони хашиш, објави украинскиот портал „Ukrop News 24“.

Близу до јужниот брег на Шпанија бил запрен трговскиот брод „Лејди Бос“ кој носел 18 тони хашиш. Товарниот брод бил запрен на 8 август близу до градот Алмерија, иако акцијата на шпанските власти започнала недела претходно. На бродот имало 600 пакети со хашиш.

Сите 13 членови на екипажот биле притворени, од кои 11 Украинци и двајца Бугари. Бродот бил конфискуван на пристаништето во Алмерија.

Од шпанската канцеларија за даноци нотираат дека операцијата била дел од рамките на борбата против трговија со дрога во таканаречената Источна рута, преку која шверцерите ја носат дрогата до источниот дел на Медитеранот.

http://novatv.mk

Без коментари