Улична забава и заработка за летен одмор

0
142

Виктор, Михајло, Андреј и Емилио, се четворицата кои во градот каде што живеат учат средно музичко училиште. Деновиве се во Битола, како што рекоа една недела да понудат улична забава со нивните инструменти и глас за минувачите на Широк сокак. Она што е веќе вообичаено во Скопје особено во ГТЦ сега се пренесува и во Битола. Велат дека не е срамно да се свири и да ги забавуваат на ваков начин минувачите, а уште помалку е срамно да се отвори куферот за пари. „ Ако им се доапаѓа како свириме и пееме, тогаш луѓето не неаградуваат” велат тие и додаваат дека и ова е еден начин да се заработи нешто и за годишниот одмор. Интервјуто со нив гледајте го во Актуел на Тера во 16:55 и 20:55.