Ултиматум од Мадрид

0
128

Шпанската влада му даде на каталонскиот лидер Карлес Пучдемон осум дена да се изјасни дали прогласил независност или не, јави шпанската новинска агенција Ефе.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој претходно денеска ја отфрли можноста за преговори со каталонските власти за решавање на кризата и повика на почитување на шпанскиот закон, наведувајќи дека „не е можно посредување меѓу демократските закони и непослушноста и нелегалните активности“.

Ако Пучдемон потврди дека во вчерашниот говор во парламентот прогласил независност, ќе му бидат дадени три дена за да ја „исправи таквата одлука“. Ројтерс вели дека ако не се случи тоа, ќе биде активиран членот 155 од Уставот.

Рахој претходно денеска рече дека Мадрид од каталонската влада бара да „потврди дали прогласила независност“ и дека „намерно се предизвикува конфузија“.

„Одговорот што ќе го даде Карлес Пучдемон ќе влијае на идните настани. Во негови раце е да се врати на патот на законитоста“, рече Рахој.

www.mkd.mk