Умерено облачно со локални врнежи

0
466

Во Македонија ќе биде умерено облачно, попладне со локален дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од западен и југозападен правец, кој повремено ќе достигнува брзина и над 70 км/час. Утринската температурата ќе се движи од шест до 13, а дневната највисока температура на воздухот ќе биде пониска за неколку степени и ќе се движи во интервалот од 18 до 25 степени. Во Битола ќе биде умерено облачно и ветровито. Ќе дува умерен до засилен ветер од североисточен правец. Температурата до 20 степени.