Уметничко досие на Битола-документарен филм за битолските уметници

0
247

…Задоволството во еден момент да се препуштите на играта и на поинаков начин автор, гледач, пубчика взаемно да ги споите имагинацијата и искушенијата, е интересен момент но истовремено и одговорно до каде би се одело во трансформацијата и комбинацијата на градење ново расположение….Преку ваквиот начин на компонирање на игри, композиции, дело, авторот и гледачот, нудат израз на свој темперамент, енергичност, истражување и навестување на нови креативни намери во нови композиции…Вака започна документарниот филм- Уметничко досие на Битола кој презентиран во ДЛУБ. претстави дел од битолските уметници, меѓу кои Љубица Мешкова Солак, Панде Петровски, Драган Најденовски, Славица Михаилова, Дијана Колонџоска, Ленче Крстевска, и уште неколку други.Во филмот, уметниците зборуваат за уметноста, Битола како инспирација и многу повеќе.

Блаже Конески, вели- уметноста е порив и за смисла не прашува. Уметникот едноставно ги слева своите идеи, чувства и доживувања во слика, во поезија, во проза, во музичка композиција.
Друштвото на ликовните уметници, минатата година одбележа јубилеј на 40 години постоење.
Официјално друштвото е регистрирано 1974 година a од тогаш до денес, во истото членуваат реномирани уметници чии дела се препознатливи насекаде низ светот.
Во последните години се зачленија поголем број на млади автори кои дипломираа во Скопје и Софија, со што се пополни празнината на битолската ликовна сцена. Изложбите се презентираат во ДЛУБ, а за поголемите изложби ги користат галериите во магазата и во битолскиот завод и музеј.
Неда Маретиќ