Уметност на преживувањето во Македонија

0
1225

Како да се преживее месецот со 22.187 денари? Прашање кое што го засега секој граѓанин во државата. Статистиката покажа срамен раст од 0.7% на просечната плата во јуни годинава споредбено со јуни минатата година. Битолчани, барем оние кои што ги анкетиравме велат дека одвај крај со крај сврзуваат и дека имале само за преживување. Од својот буџет најмногу одвојувале за плаќање на сметките а со останатото колку толку да ставеле нешто фрижидерот.

– Најскапа е струјата, тоа што ќе ни остани го трошиме за храна, вели битолчанец

-Сакале неќеле мора да се платат сметките прво, а потоа тоа што ќе остани за храна, вели битиолчанец

Статистиката забележа раст на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во  секторите: Градежништво (10.6%), Административни и помошни услужни дејности (6.3%) и Земјоделство, шумарство и рибарство (6.3%).

Пад на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, пак е забележан во секторите: Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (4.4%), Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (3.7%) и Стручни, научни и технички дејности (3.4%).

Една просечна плата не е доволна за едно семејство да го протурка месецот. За едно 4 члено семејство потребно е најмалку 30 илјади денари за да можеме да го протуркаме месецот, сметаат битолчани
-За да преживее едно четиричлено семејство најмалку треба да влегуваат во домот 30.000 денари, вели граѓанинот

-Јас сум пензионер и мене ми е доволна мојата пензија, вели граѓанинот

-За четиричлено семејство од 30 до 40 илјади денари, за да може да се преживее, вели граѓанин

plata 2
Според минималната синдикална кошница што ја пресметува Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) на просечно домаќинство му се потребни 32.325 денари. Оваа пресметка се однесува на февруари годинава, оттогаш  нема нови податоците.

Најголем дел од овие пари 13.427 денари или 41.5% одат за храна и пијалаци. За трошоци за домување биле потребни 10.464 денари или 32.5%, за хигиена 2.254 денари или 7%, за превоз 2.340 денари или 7%, за облека и обувки 2.086 или 6.5%, за култура останувале 1.070 денари или 3.5%, а за здравство 684 денари или 2%.

plata 1 naslov

Според ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во јуни годинава изнесува 32.637 денари или 358 евра а во јуни годинава, 1,6 проценти од вработените во Република Македонија не примиле плата.
И од земјите од регионот Македонците сме со најниски примања.
Просечната плата во нашата земја е 358 евра (заклучно со последниот податок од Статистика), во Србија 375, БИХ 424, Црна Гора 488, Хрватска 752 и Словенија 1022 евра. Според податоци од 2015 година, едно евро помалку од нас земаат Албанците со просечна плата 357 евра, а во Косово според податоците од 2013 година просечната плата изнесува 364 евра.

Кога со земјите од регионот сме со најниски примања тогаш нема споредба со земјите од Европа? Од кажаното по се изгледа преживувањето во Македонија е уметност.