Умре легендарниот астронаут Џон Глен, првиот Американец во орбитата

0
351

Џон Глен, првиот Американец што како астронаут орбитираше околу Земјата, почина на возраст од 95 години.

Глен е еден од хероите на вселенската програма на НАСА и воопшто на американската авијација. Тој почина опкружен со своето семејство во болница во Колумбус.

„Џон Глен е, и секогаш ќе биде, вистински херој на Охајо. Сите ние сме тажни поради неговото заминување“, изјави гувернерот на Охајо, Џон Р. Касич.

„Тажни сме поради загубата на сенаторот Џон Глен, првиот Американец во орбитата на Земјата. Вистински американски херој. Збогум, Џон Глен. Кон ѕвездите“, напиша НАСА на Твитер.

Живот што ќе се памети

Глен како млад воен пилот го собори рекордот во брзина на трансконтинентален лет, но во историјата ќе остане запишан како првиот американски астронаут што во 1962 година направи полн круг околу Земјата, но и како петтиот човек во вселената во историјата. Бил и борбен пилот во две војни, а подоцна стана и политичар, отслужувајќи цели 24 години во Сенатот за Охајо.

Цели 36 години потоа, на 77-годишна возраст, Глен стана најстариот човек што учествувал во вселенска мисија. Имено, во 1998 година беше член на седумчлениот екипаж на шатлот Дискавери.