УМС на ВМРО ДПМНЕ контра ЛДП

0
333

Унијата на млади сили е дел од ВМРО-ДПМНЕ, партија, што во континуитет добива силна доверба од народот која истата ја оправдува со многу работа и постигнати резултати.

За жал, Вие и Вашата партија со такво нешто не можете да се пофалите. Би сакале да Ви се заблагодариме на дадената можност уште еднаш јавно да Ве потсетиме на само еден мал дел од она што ВМРО ДПМНЕ го има направено за нашиот град:

•Изградена е индустриска зона „ ЖАБЕНИ “ со целосна инфраструктура, каде веќе се продадени 38 градежни парцели – инвестиција во вредност од 4.7 милиони евра.

•Германскиот гигант во автомобилската индустрија ,, Кромберг и Шуберт ’’ изгради фабрика во ИЗ „ЖАБЕНИ“ – инвестиција од 20.000.000 евра.

•Асфалтирани и реконструирани се повеќе од 100 улици

•Извршено е целосно партерно уредување на централното градско подрачје, рекоа меѓу другото на денешната прес конференција на УМС на ВМРО ДПМНЕ.