Унапредување на медицинскиот третман, бараат лицата со хемофилија

0
599

 

Сеуште треба да се работи на подобрување на квалитетот на животот на лицата погодени од крвни нарушувања, велат лицата со хемофилија на одбележувањето на 18 годишнината од формирањето на здружението кое што се грижи за нивните потреби „Хемолог“.  Причина за хемофилијата е недостаток на антихемофилиски глобулин кој е потребен за згрутчување на крвта. Од “Хемолог”, велат дека има третмани како да се контролира оваа состојба, но потребно е и натаму подигање на јавната свест за нивните проблеми, како и преговори со институциите за мерки со кои ќе се подобри нивниот квалитет на живот.

-Се соочуваме со проблемот со лекот за Вилебрант. Мислиме дека ќе го решиме тоа со државата и со надлежните за час поскоро, изјави Драги Лулевиќ, претседател на Здружението на лицата со хемофилија „Хемолог“- Битола.

-Недостига 30% лек за хемофилија Аи треба лекот за вонвилебратова состојба да биде подостапен. Набавката оди преку ИТМ од буџетски средства. Фондот прави напори и изнајде модул за да има средства но со овој начин на третман се третираат само итните ситуации, изјави Ирена Ѓурчиновска, претседател на ИО на Здружение на граѓани со хемофилија на Р.Македонија

Од министерството за здравство велат дека лековите за Вилебранд се набавуваат ургентно.

Тие лекови се набавуваат ургентно. Во некои сегменти веројатно се третираат и конзервативно. Претпоставувам нема држава во светот која што во секој момент ја има најновата генерација на сите можни лекови. Тоа е битката постојано да се унапредува терапијата со нови генерации на лекови но не може секогаш да ги имаме сите најнови генерации. Важно е дека хемофиличарите во Македонија се комплетно покриени со терапија и нема недостаток од терапија, изјави Никола Тодоров, министер за здравство на Република Македонија.

Во Македонија се регистрирани 320 лица со хемофилија А и Б, со Вонвилебрантова состојба се 167 лица и 13 лица се со коаголупатија која што е ретка состојба.

-Успеавме да однесеме доктори на специјализација во разни земји, како и медицински сестри, изјави Симон Атанасов, основач на здружението „Хемолог“

Во светски рамки во просек едно на 10.000 лица се раѓа со хемофилија.