Унгарија ќе преговара со Македонија и Бугарија за сопирање на мигрантите

0
374

Унгарскиот министер за внатрешни работи, Петер Сијарто во интервју за Reuters изјави дека властите во Будимпешта се подготвени веднаш да подигнат ограда на границата со Романија, ако следните денови мигрантите ја променат насоката и наместо во Хрватска минуваат низ Романија.

Тој нагласува дека јужните граници на Европската унија продолжуваат да бидат широко отворени за непрекинат прилив на стотици илјади мигранти од Блискиот исток и Африка што го доведува во прашање Шенген системот односно постоењето на отворени внатрешни граници во ЕУ.

Според него, потребни би биле десетици илјади полицајци и војници во составот на заедничките европски сили да го запрат приливот на мигранти на долгата поморска граница на Грција.

„Да не е трагично, би се насмеал кога ги слушам европските функционери како велат дека стотици припадници на Фронтекс би биле решение“ истакнува Сијарто.

„Доколку Грција не е подготвена да преземе улога за ова решение, тогаш ние мораме да разговараме со Бугарите и Македонците“, порача шефот на унгарската дипломатија.

Тој нагласува дека Унгарија е подготвена уште наредниот ден да подигне ограда на границата со Романија, доколку тоа биде потребно.

Австрија во петокот соопшти дека ќе забрани влез за мигрантите кои од таа држава планираат да одат во Германија, што ја поттикна Словенија на сличен потег, за да не стане тесно грло за бегалците.

Поради ова, Романија би можела да стане популарна рута, од каде мигрантите веројатно би се обиделе да влезат во Унгарија на својот пат кон Европа, наведува британската агенција.

„Најверојатно е дека јужната граница на Шенген зоната ќе биде изедначена со северната граница на Грција, со Бугарија и Македонија“, додава Сијарто.

Сличен став изнесе во вторникот и чешкиот премиер Бохуслав Саботка кој рече дека ЕУ треба да има подготвено резервен систем на контрола на границите во случај миграцијата да не може да се контролира во Турција и Бугарија.

Медиумите во средата утрото јавуваат дека е затворена за премин неутралната зона меѓу Грција и Македонија во реонот на граничниот премин Идомени повикувајќи се на радио Атина.

Преку оваа неутрална зона преминуваат бегалци од Ирак, Авганистан и Сирија кон Македонија и натаму кон Западна Европа.

Според полицијата, на бензинската станица во областа каде што се собираат автобусите со бегалци, веќе има седум автобуси со 350 луѓе./крај/мф/ффс

Без коментари

LEAVE A REPLY