Унгарија од полноќ ја затвори „зелената“ граница со Хрватска

0
373

Унгарија на полноќ ја затвора границата со Хрватска, Словенија свика итна седница на Советот за национална безбедност. Според шефот на унгарската дипломатија Сијарто ќе го спроведува шенгенскиот договорот, а преминот на бегалците ќе им биде многу отежнат. Според него Унгарија мора да си ги осигура надворешните граници на Шенгонот бидејќи членките на ЕУ не успеаја да постигнат договор за заштита на грчката граница. А планот за Турција беше претставен во три точки.

– Тоа е акциски план кој го претстави претседателот на ЕУ групата за Турција. Овој акциски план може да се сумира во три поенсти: менаџирање на границите, поддршка за Сиријците во Турција, и последното реадмисија на луѓето кои немаат можност да влезат во Европа, рече Франсоа Оланд, претседател на Франција.

На унгарската граница ќе се направат две транзитни зони на кои мигрантите ќе можат да се пријават за азил, а затоа е известена Хрватска, Полска, Чешка, Словачка, Словенија и Германија. Границата ќе се затвори онака како што тоа беше направено со Србија во септември, поради што мигранскиот бран се пренасочи кон Хрватска. За хрватските власати ова не е изненадување премиерот Милановиќ рече дека тој план постои.

Словенечкиот премиер Миро Церар по состанокот со Орбан во Брисел ги критикуваше едностраните решенија кои може да доведат до домино ефект кај другите земји на бегалската рута. Тој најави максимална контрола на границата.

Без коментари

LEAVE A REPLY