Унгарија утре ја затвора границата со Хрватска

0
169

Унгарија утре ќе ја затвори границата со Хрватска, а висока ограда е поставена и сега се додава само дополнителна жица, објави Јутарњи лист.

Оградата е висока повеќе од 3,5 метри и поставена е на целата копнена граница меѓу Унгарија и Хрватска.

Унгарски војници веќе две недели забрзано работеа на подигнување на бедемот меѓу двете држави членки на ЕУ, и според информации од Будимпешта, работата ќе биде завршена утре, наведува весникот.

По завршувањето на работите, бегалците ќе може да минуваат само преку службените премини.