Унгарија утре ја затвора границата со Србија, војниците смеат и да пукаат

0
506

Војниците дури имаат и наредба да пукаат доколку почувствуваат дека им е загрозена безбедноста од напливот бегалци што ќе се создаде на границата Вооружени со автомати околу 4.300 унгарски војници ќе ја чуваат границата со Србија.

Унгарија од утре целосно ќе ги затвори своите граници за бегалци, а премиерот Виктор Орбан се заканува дека секој кој, сепак, ќе успее да влезе во неговата земја ќе го врати во Србија.