Унгарска полиција на нашата јужна граница

0
1099

Со цел да се даде поддршка на македонската полиција и заеднички да вршат спречување на илегална миграција и справување со мигрантската криза,шестиот контингент од 25 унгарски полицајци пристигна во Македонија. Дополнителниот заменик министер во Министерството за внатрешни работи Оливер Андонов и амбасадорот на Унгарија во Македонија Ласло Дукс, викендов во Битола имаа средба со новата смена од контингентот унгарски полицајци кои учествуваат во обезбедувањето на јужната државна граница.

policija-2

– На средбата, освен полицајци од Унгарија учествуваат и македонски полициски службеници од регионалниот полициски центар „Југ“ за гранично обезбедување кои се информираат за состојбите на границата, можните правци за илегално минување на границата и други состојби на границата. Со овие и други активности продолжува успешната соработката со унгарската полиција но и со унгарската држава, и во таа смисла се заблагодарувам за соработката со државите од Централна Европа, посебно полицијата од Унгарија, Словачка, Чешка и Полска во справувањето со мигрантската криза со што се покажува како Македонија активно учествува во безбедноста и одржувањето на стабилноста на Европската унија, изјави Оливер Андонов, дополнителниот заменик министер

policija-3

Балканскиот коридор на мигранти буквално не е пресечен туку формално и официјално затворен за проток на мигранти, но тоа не значи дека рутата ќе престане да се движи низ балканскиот коридор како географски најповолен за движење, истакна Андонов

policija-5

– Проценката е дека ќе продолжи правецот на движење, односно Македонија ќе остане на удар на движењето на мигрантите, а доказ за тоа е и големиот број на спречени илегални минувања само во последните шест месеци, а само македонско-унгарските мешовити полициски патроли спречиле околу 10.000 мигранти илегално да влезат во Македонија. Имаме голем број на криумчарења на мигранти, а решаваме и други проблеми, потврди Андонов.

policija-6

Соработката меѓу унгарската и македонската полиција се одвива успешно и на сите нивоа, оцени унгарскиот амбасадор во Република Македонија Ласло Дукс.

– Унгарија има цврст став и мислење а тоа е дека мора да се направат сите напори за западно-балканската мигрантска рута биде под контрола. Нема да дозволиме повторно да се случи тоа што претходно се случи односно над 1 милион мигранти неконтролирано минуваат низ оваа рута. Унгарија ќе ги стави сите ресурси и помош за македонската полиција за да се справиме со оваа ситуација, истакна амбасадорот Дукс.

policija-7

По завршувањето на заедничката средба, дополнителниот заменик министер ја посети СВР-Битола, а унгарскиот амбасадорот Ласло Дукс се сретна со почесниот унгарски конзул во Битола, Сашо Јанакиевски.

Без коментари

LEAVE A REPLY