Унгарската полиција со солзавец против бегалците

0
188

Хаотични сцени на унгарско-српската граница. Унгарските специјалци употребија попладнево солзавец и водени топи да ги растераат бегалците. Повеќе стотици луѓе залудно се обидоа да влезат во Унгарија преку граничниот премин Роске –Хоргош.

Според унгарската полиција, мигрантите го иницирале конфликтот, откако урнале дел од оградата која властите во Будимпешта ја поставија во обидот да го спречат влезот на бегалците. Дел од нив фрлале камења и пластични шишиња кон полицајците а запалиле и повеќе автомобилски гуми.