Унгарската снимателка: „Нешто пукна во мене…“

0
177

Унгарската снимателка која удираше бегалци на унгарско-српската граница, се извини, велејќи дека нешто во неа „пукнало“ и дека не може да поверува дека такво нешто направила.

Во писмо, Петра Ласло, вели дека била во состојба на шок по инцидентот во вторникот, но ги негира обвинувањата за расизам.

Ласло излајвила дека е подготвена да преземе одговорност за своите постапки.

Унгарското обвинителство вчера покрена кривична истрага против унгарската снимтелка, поради нарушување на редот. За вакво обвинување, во Унгарија е можна казна затвор до пет години.

Обвинителството добило пријава дека жена вработена за телевизијата „N1“ кај маестото Реске, физички нападнала неколку мигранти, меѓу кои имало и деца.