Унгарски полицајци на границата со Грција

0
391

Унгарската полиција испрати 31 полицаец да помогнат во пропуштање на бегалците на границата со Грција. Полицајците ќе останат на границата до 4 февруари, да ги поддржат македонските колеги во справување со бегалскиот бран.

Унгарската полиција вчера изјави дека екипите тргнале со полициски комбиња и возила, опремени со сензори кои реагираат на топлина.
Преку 391.000 мигранти стигнале во Унгарија минатата година, речиси сите поминувајќи на пат за Германија и кон други западни дестинации.
Бранот на луѓе практично застана кога Унгарија изгради огради на нејзините граници со Србија и со Хрватска на средината на октомври минатата година, принудувајќи ги мигрантите да поминуваат низ подолги рути за да стигнат до земјите на Европската унија.

Без коментари

LEAVE A REPLY