Унгарски уметници со концерт во Битола

0
476

Вероника Харча и Балинт Ѓемант во Центарот за култура Битола, ќе одржат концерт.

Унгарската популарна џез пејачка, добитничка на повеќе музички награди, Вероника Харча и гитаристот Балинт Ѓемант соработуваат уште од нивните студентски денови на Музичката академија „Франц Лист“, Будимпешта. Снимиле четири успешни албуми со квартетот на Вероника Харча, а потоа решаваат да работат како дуо и го снимаат нивниот петти заеднички албум.
Промовирањето на дуото
Lifelover се случи во преполна сала во Палатата на уметностите, најдобрата концертна локација во Будимпешта.

Вероника Харча и Балинт Ѓемант заедно го поставуваат репертоарот на Lifelover. Песните се мелодични а во исто време претставуваат креативни импровизации. Текстовите се напишани од Вероника засновани на нејзиното лично искуство и инспирација, како и на нејзините претходни албуми.

Живеат на релација Будимпешта-Берлин.

Време е остатокот од светот да го сврти своето внимание кон креативните Унгарци“ – пишуваат критичарите за Lifelover.