Универзитетите во Македонија ги нема на Шангајската листа

0
344

На светската Шангајска листа на 500 најдобри универзитети и годинава не се најде ниту еден од универзитетите во Македонија.

Првите десет универзитети од минатата година го задржаа своето место, со мали промени. Најновото рангирање покажува дека Универзитетот Харвард е најдобриот во светот, 14-та година по ред. Стенфорд и годинава го задржа второто место, а Беркли и Кембриџ паднаа едно место подолу.

Во првите десет, осум универзитети се во САД, а Оксфорд и Кембриџ ја дополнуваат листата на елитни институции, а во првите 20 универзитети се најдоа и по еден  швајцарски и еден јапонски универзитет.

Од регионот, најдобро е рангиран Универзитетот во Белград, кој се најде на 261-то место, Универзитетот во Љубљана на 464 место и Универзитетот во Загреб на 491-то место.

Инаку, годинава, Азија постигна голем напредок, со тоа што универзитетите во Кина и Сингапур за првпат се најдоа во првите 100. Универзитетот Цингуа во Кина е најдобриот во земјата, на 58 место, а Националниот универзитет во Сингапур се наоѓа на 83 место.

Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих, кој се најде на 19 место е најдобар во Европа, додека данскиот универзитетот во Копенхаген е вториот најдобар европски универзитет.

Вкупно 500 универзитети се рангирани од целиот свет врз основа на шест индикатори кои го вклучуваат бројот на наградувани вработени и алумни како и број на објавени сатии во престижните списанија Нејчр и Сајнс.