Упад во просториите на Google во Париз поради затајување даноци

0
445

Француските финансиски власти извршија рација во канцелариите на Американскиот интернет гигант Гугл, како дел од истрагата за затајување данок.

Според извештаите, околу 100 инспектори утрово влегле во канцелариите на Гугл во центарот на Париз. Извори блиски до истрагата за тамошните медиуми изјавиле дека во досието направено уште во февруари француската даночна управа побарува околу 1,6 милијарди евра даночен долг од Гугл.

Системот на плаќање данок за меѓународните компании веќе извесно време е под надзор.  Неколку компании беа обвинети дека користеле правне мерки за да ги ја намалат сумата што би ја исплаќале како данок.

Во случајот со Гугл, даночната структура дозволува компанијата да плаќа данок во Република Ирска дури и во слуаи кога продажбата е поврзана со Британија.