Упорно тврдат дека нема демократија и слобода, а не се симнати од медиумите

0
517

Зборуваат дека нема доволно демократија и слобода, а истовремено не се симнати од медиумите. Кога ние бевме опозиција, се боревме некој медиум да ни дојде на прес-конференција, а понекогаш не доаѓаше ниту еден. Или, пак, ќе дојдеа неколку, но ниту еден медиум во земјата немаше да ја објави прес-конференцијата, коментира претседателот на ВМРО-ДПМНЕ,  Никола Груевски во интервју за Телеграф.

„ Земјата има огромен број медиуми, секој  може сѐ да каже и да критикува без какви било последици по него. И тоа се случува секој ден, секој час, цела година, со години во целиот наш мандат. Но, како и да е, и покрај тоа што потполно е јасно дека демократија има, и тоа многу, ние ќе работиме да има уште повеќе демократија“ вели Груевски.