Ураганот Ото се заканува на Централна Америка

0
171

Три лица загинаа во Панама, откако во текот на ноќта тропската бура Ото прерасна во ураган, соопшти панамската служба за цивилна одбрана. Од Националниот центар за урагани на САД велат дека се очекува Ото дополнително да зајакне. Националната служба за вонредни ситуации на Костарика пак нареди евакуација на 4.000 луѓе од областа каде што се очекува ураганот да има најголем удар. Во моментов, неговите ветрови достигнуваат брзина од 120 километри на час.