Уредена сцената Рудина кај Долнени

0
171

Во Долнени уреден просторот каде што секоја година традиционално се одржува Меѓународниот фестивал на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“, соопшти директорката на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион Емилија Героска.

Од Пелагонискиот плански регион и од Агенцијата за рурален развој се обезбедени околу 3 милиони денари. Уредувањето ги опфаќа изградбата на сценски простор и амфитеатар со капацитет за 400 гости.

„ Со тоа Долнени му се оддолжува на Фестивалот кој сите овие години се одржуваше, практично, на ливада. Сега сите исполнители и гости од земјава и странство ќе имаат услови за презентацијата и промоцијата на богатото македонско изворно творештво“ вели градоначалникот на Долнени Боше Милошески.

Без коментари

LEAVE A REPLY