Уште 24 часа надеж за киднапираниот хрват во Египет

0
332

Се по малку време останува за спас на киднапираниот Томислав Салопек од страна на екстремистите на Исламската држава, јавуваат хрватските медиуми. Министерката за надворешни работи на Р. Хрватска , Весна Пусиќ патува за Каиро во обид да го спаси хрватскиот државјанин, кој беше киднапиран на 22 јули од службеното возило на пат кон француската компанија во која бил вработен.

Исламската држава вчера ја објави видео-снимката на која Салопек говори дека доколку египетските власти во рок од 48 часа не ги ослободат муслиманските жени од затворите тој ќе биде убиен. Со оваа снимка се потврдија стравувањата дека за прв пат хрватски државјанин е киднапиран во странска држава и дека животот му е во опасност. Министерката Пусиќ веднаш стапила во телефонски контакт со египетското министерство за надворешни работи.

Но хрватските воини аналитичари се сомневаат во можноста египетската влада да ја прифати уцената на екстремистите и тоа во време кога земјата го отвора проширувањето на Суецкиот канал.