Уште 24 часа за избор на специјален обвинител

0
270

Кој ќе биде специјалниот јавен обвинител? Уште нема одговор. Остануваат уште 24 часа за избор на „специјалецот“ според договорениот рок од Пржино. На 18 септември доаѓа еврокомесарот Јоханес Хан.

Утре истекува рокот за избор на специјален јавен обвинител. Спроведувањето на договорот од Пржино за надминување на политичката криза на претставниците на четирите најголеми политички партии во Македонија не оди баш најдобро. Работните групи на политичките партии и белгискиот експерт Питер Ванхојт ниту викендов не постигнаа договор.

Меѓународните посредници имале подготвено нацрт на измените за Законот за јавно обвинителство според кои новиот специјален јавен обвинител ќе треба да реши за своите заменик-обвинители и нивниот број. Ова е последното прашање за кое претставниците на политичките парии не можат да се договорат – СДСМ е за 12 заменик-обвинители, ВМРО-ДПМНЕ е за тим од стручни соработници или можеби најмногу 6 заменик-обвинители, а ДУИ предлага 8 заменици, од кои тројца, рамковно, би биле Албанци.

www.mkd.mk