Уште 4 неработни денови до крајот на годинава

0
366

До крајот на годината има уште 4 неработни денови. Според програмата за неработни денови на Министерството за труд и социјална политика 8 декември, вторник, по повод празникот Св. Климент Охридски ќе биде неработен за сите граѓани на Република Македонија.

Неработен ќе биде и 25 декември, петок, но само за граѓаните од католичка вероисповед, кои тогаш ќе го прославуваат католичкиот Божик.

На 22 ноември (недела) ќе се слави Денот на Албанската азбука. Овој датум е впишан како неработен ден во програмата на МТСП, но со оглед на тоа дека е недела, истиот нема да донесе продолжен викенд.

Граѓаните од турската заедница во Македонија, ќе имаат продолжен викенд бидејќи на 21 декември, понеделник ќе го прославуваат Денот на наставата на турски јазик