Уште два дена за легализација на дивоградби

0
600

В четврток истекува последниот пролонгиран рок за поднесување барања за легализирање на бесправно изградените објекти. За поднесување на барање потребни се следниве документи: имотен лист за земјиштето на кое е објектот, сметка од струја или вода платени до фебруари 2011 година, фотокопија од лична карта, пополнет образец за понесување на барањето и уплата од 300 денари.

Услов за да се легализира дивоградбата е објектот да е изграден заклучно со 3 март 2011 година. Оние што поднеле такви барања во 2011 година треба да изготват геодетски елаборати и да ги достават до крајот на годинава, додека за новоподнесените барања рокот за елаборатите е до крајот на 2017 година. Барања за легализација до четврток ќе може да поднесат и компаниите што имаат инфраструктурни објекти, оптички, бакарни кабли, водоводи и друга инфраструктура. Барањата се поднесуваат во општините на чија територија се наоѓа дивоградбата.

Општинската администрација овие денови ќе работи со продолжено работно време во последните два дена од овој месец. Над 147.000 диво изградени објекти биле легализирани откако почна овој процес во 2011 година.Во претходниот рок, до 3 септември 2011 година беа доставени вкупно 360.000 барања за легализација на дивоградби.

Во општина Битола како што вели градоналачникот Талески вчера биле пристигати 1966, а денеска 2160 нови пријави за легализација.