Уште два други земјотреси ја потресоа Македонија

0
2146

По првите два силни земјотреси, уште два други ја потресоа Македонија. Во 19:16 минути е регистриран третиот земјотрес со јачина од 4,4 степени според Рихтер, на 93 јужно од Скопје.

Четвртиот земјотрес е регистриран во 19:37 минути со послаб интензитет од 3,2 степени според на 104 километри источно од Тирана, во Македонија.

Seizmogram_OHR_20160521_1833 (1)

Првите два земјотреси беа најсилни, а се регистрирани во 18:33 и 18:41 часот. Првиот со јачина од 4,8 а вториот 4,9 степени според Рихтериовата скала.

Епицентарот е 10 километри во длабочина кај Вранештица, Кичевско.

Земјотресот го почуствуаа жителите на Кичево, Битола, Охрид, но и жителите на Скопје. А се почуствувал дури и до соседна Албанија.

Битолчани ги напуштија своите домови, а во некои делови дојде до прекин на снабдувањето со електрична енергија.

Oseten_zemjotres_20160521_1833