Уште два примери за насилство врз жените

0
620

Денеска полицијата соопшти дека подлела кривични пријави против двајца битолчани за вербален и физички напад врз нивните сопруги.

СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето 32 годишен битолчанец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“.  На 15.05.2017 година околу 20.30 часот, во семејниот дом, пријавениот започнал вербална расправија со неговата сопруга поради нерасчистени семејни односи. Притоа, пријавениот и се заканувал по нејзиниот живот и тело.

СВР Битола поднесе кривична пријава против лицето 55 годишен битолчанев поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“. На 18.05.2017 година околу 10.30 часот дошло до расправија помеѓу пријавениот и неговата сопруга. Во еден момент пријавениот физички ја нападнал неговата сопруга при што и нанел телесни повреди во пределот на главата, кои и биле констатирани во Клиничка болница Битола.