Уште еден нов воз пристигна во Битола

0
2854

Денеска нешто после пладне, стариот воз на железничката станица во Битола поставен за да тргни кон Скопје според возниот ред.

Snap 2016-03-30 at 20.23.19

Во меѓувреме на станицата се чекаше уште еден од новите возови произведени во Кина да присигне во Битола на неговото пробно патување.

voz

Станува збор за дизел моторна гарнитура која има капацитет за превезување на 190 патници.

masinovozac

Возот во Битола го донесе машиновозачот Латко Јованоски кој вели дека има голема и неспоредлива разлика како е возењето или управувањето на старите возови со овие новите кои нудат голема комоција и удобно патување за патниците. „ Кога ќе се качат на овој воз патниците самите ќе се уверат“ вели Јованоски.

voz 1

Имале обука од страна на кинески ментори за да можат да ги управуават новите возови.

voz 2

За возот заинтересирани беа и студентите од Техничкиот факултет од Битола кои денеска го пречекаа на станицата во Битола.

voz 3

Инаку кон Битола се обраќаат два пара од новите возови. Пелагонија експрес наутро од Битола и исто таква гарнитура доцна навечер од Битола.

voz 5

Од следната недела и овој воз ќе биде ставен на местото од веќе посточеките стари возови кои како патнички сообраќаат кон и од Битола.