Уште еден панаѓур во Битола

0
2043

Досегашната пракса покажала дека пред некој од поголемите верски празници во Битола се случува панаѓур. И овој пат продавачите од пазарот во Шутка се распослаа на влезот на Битола и кај кружниот тек на Дулие.

12968604_1186526884693326_62999608_n

Оваа локацијата е релативно нова каде што се прават панаѓури. До пред неколку години местото на панаѓурите беше во Нова Битола, а пред тоа и на паркингот кај спортската сала.

12939649_1186527071359974_790766417_n

Битолските продавачи забележуваа дека тоа е нелојална конкуренција и многу полемики околу легалноста на панаѓурите. Локалните власти велеа дека се прават на приватен имот и дека тие немале ингеренци, упаувајки по одговори на адресата на УЈП, пазарната инспекцијата, трудовата и слично.

12921151_1186527181359963_644034160_n

Организаторите се правдаа дека сето тоа си го регулирале, а критичарите забележуваа за како што велат грдата слика која не и доликува на градот Битола.

12910682_1186527271359954_1483498246_n

До Велигден има уште неполн месец.  Дали ќе има повторно или овој кој се случи овој викенд беше предвелигденски останува да видиме.