Уште еден проект на Тера телевизија и Тек Румели

0
838

Во Битола деновиве заврши снимањето на македонско турска музичка емисија .
Овој телевизиски проект го реализираат Тера Телевизија од Битола и Тек Румели ТВ. од Истанбул, Турција, телевизија која со својата програма го покрива речиси целиот Балкан.
Oваа емисија на гледачите на Тера Телевизија и на турската телевизија Тек Румели ќе им понуди скоро двоиполчасовна музичка разгледница од македонската и турската музичка сцена со популарните Анета и група Молика и турскиот пејач Екрем Румели, еден од најпопуларните турски музичари.

Емисијата е резултат на долгогодишната соработка на Тера телевизија и Тек Румели, телевизии дел од Balcan media group.
Реализацијата ја помогнаа и двете општини битолската и општина Бурса.

 

Без коментари