Уште еден случај во кој битолскиот воз удрил во камења на пругата

0
555

На 18.03.2016 година во 14,50 часот на влезниот сигнал на железничката станица Јане Сандански, патничкиот воз бр.643, кој сообраќа на релација Скопје-Битола, управуван од С.Н.(51), наишол на камења поставени на железничката пруга, при што удрил во истите со што е предизвикана материјална штета, а воедно е и загрозен железничкиот сообраќај, како и безбедноста на патниците. Повредени лица нема. Железничкиот сообраќај на тој дел од пругата не е во прекин.